Голем пожар во источна Албанија, евакуирани 11 семејства

Пожар од големи размери е регистриран во регионот на селото Дриз кај градот Фиер,  источна Албанија. Поради опасност од ширење на огнот евакуирани се 11 семејства, има  опожарени куќи,  а  блокиран е сообраќајот на делницата Ќафа е Кошовица-Цакран.

Според полицијата, пожарот избувнал во близина на местото викано „Азотик“ во селото, но поради ветерот брзо се проширил и во шумските предели на неколку соседни села.


Во гаснењето на пожарот вклучени се противпожарни единици од неколку соседни градови на Фиер, специјалната полициска единица  “Шќипоња”, припадници на армијата, како и  два армиски хеликоптери. Досега нема извештаи за повредени, но неколку амбулантни возила се на различни локации, во случај на потреба. (МИА)