Меѓународна фолклорна манифестација: 65 години Балкански Фестивал

Балкански фестивал на народни песни и игри e меѓународна фолклорна манифестација во организација на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, од 3 до 6 јули 2026 година ќе го одбележи јубилејно 65-то реномирано издание како најстара фолклорна манифестација на Балканот на која се афирмираат културните достоинства на народите.

Фестивалот е под покровителство на Собранието на Република Македонија. Програмата е на високо ниво подржана од Министерството за култура и туризам и пријателите на фестивалот.

Програмата на фолклорните ансамбли ќе се одржуваат во големата сала во НУЦК „Григор Прличев“-Охрид со почеток во 20.30 часот, свеченото отворање на фестивалот е на 3-ти јули 2026 (петок) во терминот од 20.30 часот, со програмата на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „ТАНЕЦ“.

Програма Балкански фестивал 2026:

03.07/петок ОТВОРАЊЕ НА БАЛКАНСКИ ФЕСТИВАЛ
-Билјана платно белеше Куд „Ѓердан од бисери“ Охрид
-Целовечерен концерт на НУ.АНИП „Танец“ Скопје


04.07/сабота
-Фолклорна група „Копачка“ -Драмче, Р.С.Македонија
-ФС „Блажевски“- Скопје, Р.С.Македонија
-ФА „Деволи“ -Корча, Р. Албанија
-Куд „Отекс“- Охрид, Р.С.Македонија

05.07/недела
-Куд „Тиквеш“- Кавадарци, Р.С.Македонија
-Куд „Јане Сандански“- Неготино, Р.С.Македонија
– ФА „Копривлен“- Хаџимидово, Р.Бугарија
-ФА „Филиграни“- Охрид, Р.С.Македонија

06.07/понеделник ЗАТВОРАЊЕ НА ФЕСТИВАЛОТ
-Куд „Дримкол“ – Вевчани, Р.С.Македонија
-Државен ансамбл на Хрватска „ЛАДО“ Загреб, Хрватска

Место: НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид / 20.30 часот