Сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија, ја запиша и петтата победа во претквалификациите за Евробаскетот 2029.
Попладнево во салата „Лазар Лечиќ“ во скопскиот градски парк, Македонија очекувано беше подобро од Ирска со 77-56.
Ирците беа рамноправни во воведните седум-осум минути. Во тој период, двете селекции честопати се менуваа во водство.
Влегувањето во игра на искусниот Војдан Стојановски ја направи разликата. Македонскиот капитен врза две тројки, а во самиот финиш погоди и Јакимовски, па жилто-црвените го добија првиот квартал со 23-16.
Во еден миг македонските репрезентативци имаа +15 , а на паузата заминаа со предност од 38-27.
На крајот Македонија славеше со конечни 21 разлика.
Најефикасен играч во македонската репрезентација беше Андреј Јакимовски завршувајќи го натпреварот со 19 поени на кои додаде 13 скокови. Двоцифрени беа и Виктор Серафимовски со 12 и Војдан Стојановски кој додаде 10 поени.
Со оваа победа Македонија го обезбеди 1.место во групата, а со тоа и настап во главниот дел од квалификациите за Европското првенство.
Така гостувањето кај Луксембург, во недела, ќе биде само чиста формална за нашата селекција.








