Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, направи симпатична шега за време на овогодинешниот Вимблдон што ги насмеа сите на теренот.
Имено, додека член на организацијата му помагаше да извади нешто од маицата, користејќи ножици, Ѓоковиќ се преправаше дека таа го повредила при сечењето.
За момент изгледаше како асистентот навистина да паничи, но Новак набрзо се насмеа и откри дека станува збор за безопасна шега.
Неговата реакција веднаш предизвика смеа кај присутните, а по почетниот шок, и самата асистентка се насмеа заедно со него.
Видеото уште еднаш потсети на препознатливото чувство за хумор на Ѓоковиќ, кое често доаѓа до израз во моментите на најголем притисок на Гренд слем турнирите.
Ѓоковиќ повторно го оправда прекарот Џокер.







