Мотоциклист тешко повреден во Охрид

На 03.06.2026 околу 16:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„7 Ноември“ во Охрид, 63-годишниот Н.М. од Скопје, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид, информира МВР.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.