Валенсија го продолжи договорот со Димитриевски до 2028-ма година

Голманот на македонската фудбалска репрезентација Столе Димитриевски ќе остане во редовите на Валенсија до јуни 2028 година, откако шпанскиот прволигаш објави попладнево дека ја искористил опцијата за продолжување на соработката за уште две сезони.

Димитриевски дојде во Валенсија во 2024 година и откако подолг период беше резервен голман, на средина од изминатата сезона се избори за место во почетниот состав, одигрувајќи 33 натпревари во Ла Лига и шпанскиот Куп.

„Неговото искуство и цврстина меѓу стативите придонесоа за конкурентскиот раст на тимот и подобрените резултати во втората половина од минатата сезона, одржувајќи пет натпревари без примен гол, што резултираше со пет победи (Хетафе, Леванте, Осасуна, Севиља и Атлетик Клуб)“. Се наведува во клупското соопштение.


Триесетидвегодишниот македонски голман ја почна кариерата во скопски Работнички по што се пресели во Шпанија настапувајќи за Гранада, Кадиз, Гимнастик и Рајо Ваљекано.

„Отсекогаш велев дека сакам да играм за голем клуб кога пристигнав во Шпанија, а Валенсија е еден од најголемите. Многу сум среќен и воодушевен што продолжувам“, изјави Димитриевски за клупскиот сајт. (МИА)