ФФМ: Сараево, ви благодариме – направивте сѐ за да се чувствуваме како дома

Фудбалската репрезентација на Македонијаодигра нерешено без голови против Босна и Херцеговина во пријателскиот натпревар во Сараево, а по средбата од Фудбалската федерација на Македонија упатија емотивна порака до домаќините.

Од нашата „куќа на фудбалот“ изразија голема благодарност за гостопримството кое го добиле за време на престојот во главниот град на БиХ, истакнувајќи дека атмосферата била како да се на свој терен.

„Сараево, ви благодариме! Не беше само гостопримство, беше чувство како да сме дома. Голема благодарност до претседателот Вицо Зељковиќ, спортскиот директор Емир Спахиќ и целата Фудбалска федерација на БиХ. Во овие два дена направивте сѐ за да се чувствуваме како свои, а тоа не се заборава. Пријателски народ, искрени луѓе и град кој секогаш има посебна енергија“,  стои во објавата на ФФМ.