Со попуст од 15 отсто на апсолутно сѐ, подароци и забавна атмосфера, dm drogerie markt денеска, 28 мај, ја отвори својата нова продавница во Mega Shopping Park, на улица Васил Главинов бр. 9 во Гевгелија.
На денот на отворањето, купувачите беа пречекани во весела атмосфера со диџеј и забава за најмалите, а dm и овој пат својот нов деловен успех го одбележа на општествено одговорен начин. Во периодот од 16 до 17 часот, купувачите имаа можност да бидат услужени од познатиот инфлуенсер Александар Динев, кој со своето присуство даде придонес кон донацијата на dm, наменета за ООУ „Владо Кантарџиев“, училиште со ученици од социјално загрозени семејства
Сите купувачи на денот на отворањето уживаа и во дополнителни изненадувања. Со секоја сметка над 499 денари следуваше подарок Balea гел за туширање, со секоја сметка над 699 денари подарок торба за пазарување, додека со сметка над 1.999 денари следуваше подарок пешкир. Подароците беа достапни само денеска, до истек на залихите.
Освен наведените поволности, купувачите во оваа dm продавница ќе можат да пазаруваат со попуст од 15 отсто на апсолутно сѐ, до 31 мај.
Во новата продавница, купувачите можат да најдат речиси 13.500 производи од богатата понуда на dm, во која има сѐ на едно место – производи за нега и убавина, нега за мажи и бебиња, природна козметика, органска храна и додатоци во исхрана, како и производи за хигиена во домот и нега на алишта. Внимателно креираната и разновидна понуда овозможува практично, брзо и пријатно пазарување, додека повеќе од 3.000 производи се дел од сопствените трговски марки на dm, препознатливи по германски квалитет и секогаш поволни цени. Меѓу нив се Balea, alverde, dmBio, babylove, Denkmit и многу други брендови што се важен дел од препознатливата dm понуда.
Новиот продажен објект на dm во Гевгелија е со вкупна површина од 542 квадратни метри, од кои 450 квадратни метри продажен простор, додека магацинскиот и помошниот простор изнесуваат 83,78 квадратни метри.
Од dm велат дека се особено среќни што со секоја нова локација се сѐ поблиску до своите купувачи. Со богатата понуда и препознатливиот концепт на практично пазарување, dm продолжува да одговара на секојдневните желби и потреби на потрошувачите, проширувајќи го своето присуство на македонскиот пазар.





