ФИЛИПЧЕ ПО ЛИНИЈАТА НА ЗАЕВ: Заборава дека договорот од Преспа е целосна вина на СДС, се прави дека ништо не видел и не слушнал

Во СДС ништо не се менува, Филипче е продолжена рака на Заев во предавничките политики и е спремен да го надмине Заев во сервилноста само поради една цел, да остане на тронот во СДС и да добие власт, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА пренесува интегрално.

Венко Филипче целосно ја следи политичката линија на Заев, а секоја негова изјава и постапка го потврдува тоа, Филипче е трет после Заев и Ковачевски кој без двоумење е спремен да ги продолжи истите одлуки и чекори кои ја доведоа Македонија во подредена состојба, во однос на Бугарија и блокада на Европскиот пат.

Од што е толку исплашен Венко Филипче, што по секоја цена се обидува да ја зачува позицијата во СДС па дури е спремен и на национални и идентитетски отстапки кои задираат во идентитетот и се на штета на државата?

Филипче од пред гробот на Гоце Делчев по повод годишнината од неговата смрт изјави дека тој не слушнал дека Бугарија го негирала македонскиот идентитет и покрај многубројните изјави од бугарски официјални претставници, каде отворено Бугарија го негира идентитетот, Гоце Делчев, покрај барањата на Бугарија за промена на учебниците, покрај оспорувањето на јазикот.


Филипче се прави дека ништо не видел, и не слушнал и ги игнорира проблемите. Филипче заборава дека токму погрешните политики на СДС како Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство, Францускиот предлог, се целосна вина на СДС за што сега Македонија се наоѓа во позиција да биде уценувана и блокирана од Бугарија на патот кон ЕУ.

Филипче нема црвени линии и нема концепт и стратегија. Филипче само ја потврди неговата сервилност и спремност за уставни измени веднаш, без услови и без гаранции дека тоа ќе биде последната пречка за државата.

На Македонија и се потребни политичари кои имаат план, стратегија и визија за државата и кои ги штитат државните интереси, СДС и Венко Филипче не го нудат тоа.