Самопрогласени „синдикални лидери“ шират невистини, лаги и манипулации за изградбата на автопатот Охрид – Кичево – реагираше на својот ФБ профил министерот за транспорт и врски и вицепремиер, Александар Николоски.
Тој го наведува тврдењето на, како што ги нарекува, „самопрогласените“, дека автопатот ќе чинел „милијарда евра, никогаш немало да се заврши“ и слично, нарекувајќи ги таквите тврдења „небулози“. И додава:
„Без ни еден факт! Нула!
Ама да се каже нешто…
Нека не го замајуваат народот.
За нивна жал, а за среќа на народот, автопатот ќе се заврши во предвидениот рок!
Точно е дека Владата на СДСМ и ДУИ, по која очигледно жалат, камче не стави 7 години, ама точно е дека оваа Влада на Христијан Мицкоски работи деноноќно.
Потврда за тоа е што во моментов си заминувам од Министерство за транспорт, во недела во 21 часот. Последен состанок беше за автопатот Охрид – Кичево“, пишува Николоски завршувајќи со тоа дека автопатот ќе биде готов „на време и сите ќе му се радуваме“.







