Вечер.мк: А КАДЕ Е ДЕНОВИВЕ ФИЛИПЧЕ? Со Кавачки клан на средување на сметките или на концерт на Харис

На обичен набљудувач на политичките настани во Македонија се уште му е нејасно зошто и како сегашното раководство на СДСМ душмански ја растура сопствената партија. Дали е тоа за интерес на мафијата во партијата која се плаши од внатрешен преврат или се работи за досега невиден аматеризам и политичка неписменост?, прашува Вечер.мк

Одговор на оваа дилема најверојатно е збир на двете варијанти.

Венко Филипче и дојденците во партијата од врвот на раководството како Андреј Жерновски и Фани Каранфиловска не се воопшто присутни во македонската политика. Тие се фокусирани на соработка со српската опозиција од каде добиват логистика и насоки и секој втор прес и соопоштение им е поврзано со напади врз српскиот претседател Александар Вучиќ само патем поврзувајќи го него со сегашната македонска власт за да се добие пофалба од европските либерали од кои и граѓаните на ЕУ на избори се откажуваат и побара помош од нив за поддршка на СДСМ во соборување на владата на Христијан Мицкоски.

Единствената политичка понуда од СДСМ до европските либерали е: помогнете да ја собориме владата на Мицкоски и ние ќе ги испорачаме бугарските услови. Но, тие услови не се прифатливи за Македонците и тука настанува конфликт и блокада на СДСМ.

Дали е тоа од интерес за македонскиот стандард, безбедност, енергетика, здравство, правна држава и образование? Какво позитивно влијание има таа спотер политика на СДСМ врз македонските прилики и животот на македонските граѓани? Никакво. Одработуавње за трет на своја штета.


СДСМ беше партнер на Александар Вучиќ за цело време на своето владеење. Да потсетиме, Заев и СДСМ, за време на неговиот мандат и потоа, го туркаа српскиот Телеком за трет мобилен оператор во Македонија. Се наплатија дебело за тој рпоцес но – не го испорачаа.

СДСМ и Вучиќ градеа концепт Опен Балкан според кој се планираше економска унија на Македонија, Албанија и Србија со план за приклучување на Црна Гора и Босна, концепт – сите Срби и сите Албанци заедно во еден економски простор.

СДСМ издаде околу 200 пасоши, државен фалсификат, на меѓународни криминалци од Србија, Црна Гора и Косово со што Македонија стана покровител и заштитник на балканската мафија, а Заев и партиската мафија таа соработка со балканските дилери ја наплатија за себе преку издавање лиценци за плантажи со марихуана.

Заев и Филипче се “преиграа“, од посакуваната соработка со Вучиќ не видоа доволно заработка, земаа а не испорачаа што содаде тезии, но видоа дека со мафијата од Црна Гора, Косово и Србија се заработува повеќе и ја одбраа таа страна. И ментално и политички тие им се поблиски.

Таа мафијашка српска и балканска соработка со Заев и Филипче загуби на изборите. И во Македонија, а загуби и во Србија. За поразот во кланот на Заев и Филипче жалат и плачат и бараат виновници, бараат враќање на претходната состојба. Бараат смена на Мицкоски и Вучиќ и во тоа се поддржани од балканската мафија која во нив гледа дел од својот тим.

Целиот текст прочитајте го на Вечер.мк.