Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Сител Телевизија порача дека отворањето на поглавјата со Европската Унија суштински важно за иднината на Македонија, затоа што носи пристап до европските фондови што се од директна корист за граѓаните, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
-Ајде да ги расчистиме овие работи. Што е целиот тој пакет којшто нас ќе ни овозможи да ги отвораме поглавјата и да ги добиеме толку посакуваните и очекуваните и потребни европски фондови, од кои вистински бенефит ќе имаат граѓаните? Содржи, да се стават Бугарите, Хрватите и другите малцинства во Уставот, да се отворат поглавјата, да добиеме пристап кон структурните фондови во Европа, коишто значат од 50 до 80 проценти грантови, неповратни средства, тука да се градат училишта, болници, патишта, пруги. Сето тоа за коешто оваа влада сега зема ултраскапи кредити- рече Филипче.
Тој нагласи дека отворањето на преговорите ја зајакнува и државната позиција, затоа што тогаш на маса седи и Европската Унија, а пристапот до фондовите значи јакнење на институциите и системот.
-Поради две работи. Прво, поради тоа што имаме потпишан договор со Европската Унија на македонски јазик, со сите земји членки а тоа е договорот Фронтекс. И втората работа многу сме посилни кога ќе ги отвориме преговорите и на маса ќе седи и Европа. И на крајот на краиштата ако до тој момент ништо не е загрозено зошто да не го направиме тоа затоа што пристапот до структурните фондови ќе значи зајакнување на нашиот систем на нашата држава- истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интервјуто за Сител Телевизија.
Филипче: Оваа влада создава вештачки непријатели од соседите
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Сител Телевизија рече дека актуелната власт со неодговорна и националистичка реторика намерно ги влошува односите со соседите и создава вештачки непријатели, наместо да работи во интерес на државата и на европската иднина на граѓаните.
Филипче истакна дека пропагандата на ВМРО не само што не донесе никаква заштита на националните интереси, туку директно ја закочи државата.
-Дојде на власт во 2024 година со тоа што кажуваше дека се загрозени националните интереси, дека е загрозен јазикот идентитетот, дека некако и нешто било ставено под ризик. Ништо од тоа не е вистина. Тие дојдоа со една силна пропаганда националистичка реторика и што се случи, ја закочија земјата- рече Филипче.
Тој нагласи дека наместо државнички пристап, Владата во изминатите две години постојано произведува тензии со соседите и ја оттурнува земјата од политиката на добрососедство.
-Немојте да мислите дека ако нешто се повторува ние нема да го осудиме не, но мора да мислиме и на реалноста и на добрите меѓусоседски односи. Што се случува во изминатите две години, само провокација од наша страна. Влошување во меѓу соседските односи. Па вештачки непријатели се Грците и Бугарите благодарение на оваа влада. Само провокации кон едната и кон другата страна- порача Филипче.
Претседателот на СДСМ потенцираше дека на Македонија ѝ е потребна политика на разум за да се обезбеди посакуваното члнество без кое нема напредок.
-Нема напредок без Европа. Тоа значи зајакнување на систем. Тоа значи неселективна правда. Тоа значи пари за граѓаните- рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интервјуто за Сител Телевизија.
Филипче: Договорот со Фронтекс е доказ дека македонскиот јазик е признаен
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Сител порача дека лагите и пропагандата на ВМРО за наводно загрозени јазик, идентитет и национални интереси се целосно разобличени од фактите, а најсилен доказ за тоа е договорот со Фронтекс, потпишан со Европската Унија на македонски јазик.
Филипче нагласи дека ВМРО во 2024 година дошле на власт со националистичка пропаганда, плашејќи ги граѓаните дека нешто е загрозено, но реалноста покажала дека ништо од тоа не е вистина.
-Напротив. Тука нема ништо од тоа што пропагандата на сегашната власт, на ВМРО кажуваше. Таа кажуваше и дојде на власт во 2024 година со тоа што кажуваше дека се загрозени националните интереси, дека е загрозен јазикот идентитетот, дека некако и нешто било ставено под ризик. Ништо од тоа не е вистина. Тие дојдоа со една силна пропаганда националистичка реторика и што се случи, ја закочија земјата. Сега граѓаните треба да видат дека во тој францускиот предлог нема ништо лошо. Нема ништо лошо во тоа Бугарите, Хрватите и другите малцинства треба да се стават во Уставот- рече Филипче.
Тој додаде дека јавноста мора да знае што точно содржи пакетот што ѝ стои на располагање на Македонија и дека од него произлегуваат конкретни придобивки, а не ризици, како што тврдеше ВМРО.
Филипче: СДСМ е конструктивна ама не е контролирана опозиција
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето во Дневникот на Сител телевизија, истакна дека СДСМ е конструктивна, но не и контролирана опозиција, нагласувајќи дека пристапот на партијата е воден од интересите на граѓаните и државата.
-СДСМ е конструктивна, ама не е контролирана опозиција. И ние за тоа се бориме да го вратиме и да го етаблираме системот. Не со еден човек, лидер или монарх, со систем- рече Филипче.
Филипче појасни дека суштинскиот проблем кај власта којашто не сака земјата да стане членка на ЕУ е стравот од Европското обвинителство.
-И тоа е вистината затоа што не сакаат тука да дојде европското обвинителство. Тоа не сака ВМРО-ДПМНЕ за да има контрола на трошењето на парите за да има контрола на други системи, за да има зајакнување на системот. Само брутална партизација и злоупотреба на институциите. Тоа е суштината. За да може да владеат вака без контрола, да го контролираат судството, да прават притисок врз медиумите, да ги контролираат сите институции со свои партиски кадри да нарачуваат пресуди и да најавуваат процеси на телевизија да ништо не се случува во економијата, а да врват само партиските тендери- рече Филипче во интервјуто за Сител Телевизија.
Филипче: Од промена на Уставот нема ризик, вистината е ВМРО не сака контрола од европско обвинителство
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју за Сител нагласи дека вистинската причина за блокадата на европскиот пат не се уставните измени, туку тоа што ВМРО не сака контрола од европско обвинителство. Филипче посочи дека од промена на Уставот нема ризик, а зад наративот на ВМРО за наводни национални ризици се крие намерата да владеат без контрола, да го контролираат судството, да прават притисок врз медиумите, да ги контролираат сите институции со свои партиски кадри, да нарачуваат пресуди и да најавуваат процеси на телевизии, да не се случува ништо во економијата, а да врват само партиските тендери.
„Тоа е вистината.Нема ништо лошо во тоа Бугарите, Хрватите и другите малцинства да се стават во Уставот. Нема никаков ризик, тие се измислени непријатели. Ако ние некогаш се соочиме со некои непринципиелни барања, може да се повлечеме конечно, а што сега што правиме? Ништо седиме во место и наводно се плашиме да не утре Радев или некој Бугарија нешто направил што нас ќе не загрози, па кој може да ја загрози ако ние имаме тука национален консензус дека преку некои работи не поминуваме. И тоа е вистината затоа што не сакаат тука да дојде европското обвинителство. Тоа не сака ВМРО-ДПМНЕ за да има контрола на трошењето на парите за да има контрола на други системи, за да има зајакнување на системот. Само брутална партизација и злоупотреба на институциите. Тоа е суштината. Нема никаков друг ризик“, рече Филипче.
Тој додаде дека она што е важно е граѓаните да бидат информирани за реалните придобивки од Европската Унија и уставните измени.
„Сметам дека граѓаните навистина не се доволно информирани што е целиот тој пакет којшто нас ќе ни овозможи да ги отвораме поглавјата и да ги добиеме толку посакуваните и очекуваните и потребни европски фондови, од кои вистински бенефит ќе имаат граѓаните содржи.Да се стават Бугарите, Хрватите во уставот да се отворат поглавјата, да добиеме пристап кон структурните фондови во Европа, коишто значат од 50 до 80 проценти грантови, неповратни средства, тука да се градат училишта, болници, патишта, пруги. Сето тоа за коешто оваа влада сега зема ултраскапи кредити“, рече Филипче.
Во интервјуто, Филипче посочи дека наративите на ВМРО за загрозување на идентитетот се неточни и се само дел од нивната политичка пропаганда.
„Тука нема ништо од тоа што пропагандата на сегашната власт, на ВМРО-ДПМНЕ кажуваше. Таа кажуваше и дојде на власт во 2024 година со тоа што кажуваше дека се загрозени националните интереси, дека е загрозен јазикот идентитетот, дека некако и нешто било ставено под ризик. Ништо од тоа не е вистина. Тие дојдоа со една силна пропаганда националистичка реторика и што се случи, ја закочија земјата.Ниту еден закон во 2025 години не се донесе и тоа ја разобличува целата вистина зашто овој процес со Европа е закочен“, рече Филипче.
Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=JVqVdba9yA8&t=1176s
СДСМ








