На 20.04.2026 околу 08:30 часот во СВР Велес е пријавено дека во Градско, патничко возило „даеву“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Т.Ј.(68) од Градско, удрило во пешакот Ј.Ѓ.(84) од Градско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.Ѓ., констатирани во Општа болница Велес.
По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Велес.








