Јавноста беше заинтригирана кој е филмот поради кој бившиот лидер на СДСМ и бивш премиер, Зоран Заев синоќа задоцни на партискиот роденден, а дилемата ја откри ТВ водителот на ТВ Алфа, Богдан Илиевски.
Тој открива дека Заев бил на премиера на документарец за Договорот од Преспа и настаните од времето на трговијата со името на Република Македонија, во кои Заев беше еден од главните актери.
Според видеото што го објавува Заев бил на промоција на филм за промена на уставното име на Македонија кој го направиле новинарката Соња Крамарска и екс портпаролот на владата на СДСМ и ДУИ, Душко Арсовски.
Филмот заради кој задоцни Заев според информациите е снимен со пари на американската амбасада во Скопје.







