Додека филмската индустрија постојано се насочува кон нови лица, а на црвените теписи доминираат млади ѕвезди како Зендаја, Тимоти Шаламет, Сидни Свини, во срцето на Холивуд се оние кои ги изградиле своите кариери во 50-тите и порано.
Нивните кариери започнале во ерата на црно-белиот филм, а меѓу нив има и стогодишници.
На самиот врв на оваа листа е Ева Мари Сент (101). Актерката, која го имаше своето деби во 1946 година, засекогаш е запишана во историјата со својата улога во класикот „On the Waterfront“, за кој доби и Оскар. Со својата елеганција во трилерот на Хичкок „North by Northwes“, таа постави стандарди за „хичковската русокоса“ кои тешко можат да се надминат.
Веднаш по неа е Дик Ван Дајк, кој го прослави својот 100-ти роденден минатиот декември. Ја започна својата кариера во 1947 година, а стана синоним за семејна забава благодарение на филмовите „Mary Poppins“ и „Chitty Chitty Bang Bang“. Неговата виталност сè уште восхитува ширум светот.
View this post on Instagram
Кога зборуваме за деведесетгодишници, невозможно е да се игнорира Клинт Иствуд (95). Од неговите почетоци во 1954 година, Иствуд од каубој стана еден од најпочитуваните режисери денес. Неговата работа на филмови како „Million Dollar Baby“ покажува дека креативната енергија не познава биолошки часовник.
Слична долговечност ужива и Вилијам Шатнер (95), иконскиот капетан Кирк од „Ѕвездени патеки“, кој ја започна својата кариера во 1951 година. Шатнер е познат по тоа што стана најстарата личност што некогаш летала во вселената, докажувајќи дека границите се тука за да се пробијат.
Листата ја дополнува Сер Мајкл Кејн (93), кој по седум децении работа и улоги во хитови како „Dark Knight Rises“ неодамна го објави своето пензионирање, оставајќи зад себе неизбришлива трага.
Меѓу дамите, тука се Розмари Харис (98), позната по своите улоги во филмовите „Спајдермен“, и неповторливата Софија Лорен (91). Италијанската дива, чија кариера започна во 1950 година, останува симбол на безвременска убавина дури и денес.
Меѓу помладите на оваа листа се легендите Морган Фримен (88), Дастин Хофман (88), Ентони Хопкинс (88) и Ал Пачино (86).







