ЖЕШКИОТ БРАН УРИВА РЕКОРДИ ВО ЕВРОПА: Во Словачка 41 степен, во Унгарија 42, а во Романија 44 степени

Топлотниот бран во Европа се помести кон исток. Словачка забележа национален рекорд за температури од 41 Целзиусов степен, а Унгарија се приближи до највисоката забележана вредност на сите времиња со речиси 42 степени.

Властите од целиот регион воведоа мерки за заштита од жештината, со која се борат и жителите на балтичките земји. Балканските земји се соочуваат и со висок ризик од шумски пожари.

Во некои делови од Романија температурите достигнаа 44 степени, па Министерството за образование го одложи одржувањето на државните матурски испити.

Фото: архива