Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со генералот Алексус Г. Гринкевич, врховен командант на Сојузничките сили на НАТО во Европа (SACEUR) и командант на Европската команда на САД.
– Разговаравме за актуелната безбедносна состојба, регионалната стабилност и понатамошното продлабочување на соработката во рамките на Алијансата, објави Мицкоски.
Премиерот додаде дека средбата претставува потврда на силното партнерство и заедничката заложба за мир, безбедност и стабилност. Како посветен и доверлив сојузник, Македонија продолжува активно да придонесува кон заедничките цели и вредности на НАТО.






