Жена во неконтактибилна состојба пренесена на клиника, малолетник ја удрил со електричен тротинет

Денеска (05.06.2026 година) околу 10:00 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на улица „Илинденска“ во Тетово, спроти Основниот суд, се случила сообраќајна несреќа во која електричен тротинет управувано од 16- годишен малолетник од село Лисец, кој удрил во пешакот И.Ѓ. (32) (женско) од село Непроштено.

По несреќата, пешакот И.Ѓ. во неконтактибилна состојба итно била пренесена во Клиничката болница во Тетово за укажување на лекарска помош, од каде поради сериозноста на здобиените повреди, таа е префрлена на понатамошно лекување во Комплекс клиникит ,,Мајка Тереза” во Скопје.

На местото на настанот е извршен увид од страна на увидна екипа на СВР Тетово.