ЗЕЛЕНСКИ: Во руските воздушни напади врз Киев загинаа пет луѓе

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека бројот на загинати во синоќешниот руски напад врз Киев се искачи на пет, а околу 40 лица се повредени.

Тој истакна и оти возило на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања двапати било погодено од руски беспилотни летала во јужниот регион Херсон. Во инцидентот никој не е повреден, а персоналот е евакуиран.


Русија изминатите два дена лансираше рекорден број беспилотни летала врз Киев и другите украински градови. Вчера беа истрелани 1.560 руски дронови, а синоќа врз Украина се лансирани 670 беспилотни летала и 56 проектили, од кои украинската противвоздушна одбрана соборила 41 проектил и 652 дронови.