Претседателот на Украина денеска предупреди дека надлежните украински служби регистрирале „невообичаена активност долж украинско-белоруската граница“.
– Вчера имаше некои прилично необични активности долж украинско-белоруската граница, на белоруската страна – рече Зеленски во своето редовно дневно обраќање до нацијата.
Тој наведе дека Украина внимателно ја следи ситуацијата, дека држи сè под контрола и оти ќе реагира доколку биде потребно, но не изнесе дополнителни детали.
Украинското воено воздухопловство и граничните служби засега не коментираа. Зеленски во последните недели упати апел до официјален Минск повеќе да не се меша во руско-украинската војна.





