👁️  124

Според Законот УЈП средствата треба да ги исплати во рок од 60 дена од завршувањето на тромесечието, па така рокот за исплата е кон крајот на овој месец или почетокот на февруари кога се очекува да пристигнат парите од Мој ДДВ на сметките на граѓаните кои скенираат фискални, за месеците октомври, ноември и декември минатата година.

Од јануари ланската година се зголеми прагот на враќање на дел ДДВ-то изразено во фискалните сметки, од 1.800 денари за едно тромесечје, на 2.100 денари, односно 8.400 денари годишно по корисник.