Според новите податоци на Центарот, во Европа во 2024 година се регистрирани 106.331 случаи на гонореја, што е за 303 проценти повеќе отколку во 2015 година. Во истиот период, бројот на случаи на сифилис се зголемил повеќе од двојно и достигнал 45.557.
„Овие инфекции можат да предизвикаат хронични болки и неплодност, а сифилисот може да доведе и до проблеми со срцето или нервниот систем“, вели Бруно Чиансио, раководител на одделот за директно заразни болести.
Експертите посебно ги загрижува зголемувањето на случаите на конгенитален сифилис, кога инфекцијата се пренесува од мајка на новороденче. Само меѓу 2023 и 2024 година, таквите случаи се дуплирале.
Во 2024 година, Шпанија регистрирала најголем број потврдени случаи на гонореја и сифилис меѓу европските земји вклучени во истражувањето. Регистрирани се повеќе од 37 илјади случаи на гонореја и повеќе од 11 илјади случаи на сифилис.
Центарот наведува дека мажите кои имаат сексуални односи со мажи продолжуваат да бидат групата со најголемо зголемување на инфекциите. Значително е и зголемувањето на сифилисот кај хетеросексуалните жени во репродуктивна возраст.
Иако бројот на случаи на кламидија се има намалено за шест проценти од 2015 година, таа сè уште е најчесто пријавуваната бактериска сексуално пренослива инфекција во Европа. Во текот на 2024 година, регистрирани се повеќе од 213 илјади случаи.
„Заштитата на сексуалното здравје е едноставна. Користете кондоми со нови или повеќе партнери и тестирајте се ако имате симптоми“, порачува рече Чиансио.
Ако не, ќе се отруете од антибиотици.
Ќе беше тоа добра вест за остарениот континент (дека уште водатљубов), освен ако не се работи за мигрантски придонес, а таква информација немаме.








