👁️  47

Втор хеликоптер на МВР ќе се вклучи во гаснење на пожарот на планината Јакупица, информираше попладнево директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

– Пет пожарникари од ТППЕ Велес со хеликоптер на МВР се префрлени до пожарот на планината Јакупица. Поради одржување на делумна контрола врз пожарот, во гаснењето ќе се вклучи и втор хеликоптер на МВР. Благодарност до храбрите пилоти и пожарникари, вели Ангелов во пишана изјава.

Претходно, од ЦУК информираа дека вчера доцна попладне е пријавен пожар над село Горно Врановци. Оттаму посочија дека станува збор за сериозен пожар на надморска височина од над 1.200 метри.