Возач при отворање на возачката врата удрил во електричен велосипед

Вчера околу 16:30 часот во СВР Куманово е пријавено дека на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, М.А.(31) од с.Никуштак, општина Липково, го запрел возилото „фолксваген голф“ со словенечки национални ознаки и при отворање на возачката врата удрил во електричен велосипед, управуван од М.Љ.(70) од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Општа болница Куманово, соопшти МВР.


Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.