Меѓународната железничка линија Евростар кон и од Лондон ќе биде во прекин неколку дена откако на пругата помеѓу Ротердам и Цвајндрехт во Холандија денеска изби пожар.
– Холандските служби работат на решавање на проблемот и не се очекува сообраќајот да се врати во нормала пред 3 јули, изјави портпаролот на Евростар.
Проблеми имаше и на услугите до Брисел и до Париз. Се очекува домашните железнички услуги помеѓу Ротердам и јужниот дел на Холандија да бидат прекинати барем до четврток вечерта.
Возовите на Евростар што ги поврзуваат Холандија и Велика Британија моментално сообраќаат само до Брисел. Компанијата соопшти дека патниците кои купиле билети за патување помеѓу Амстердам или Ротердам и Лондон ќе им бидат вратени парите.
Железничките линии помеѓу Холандија, Брисел и Париз се пренасочуваат преку Утрехт, што предизвикува доцнења до еден час. Компанијата ги советуваше патниците да ги одложат непотребните патувања до 3 јули. Исто така, соопшти дека оние што ќе одлучат да го откажат своето патување можат да побараат враќање на парите без дополнителни трошоци. (МИА)








