👁️  103

Од сите вести за формирање на партијата на Данела Арсовска главна вест секаде е присуството на Миле Зечевиќ, кој е и идеен творец на таа партија. Оттука може да се сфати колку всушност тежи таа партија кога главна вест за нејзиното формирање е присуство на секретарот на СДС, реагира ВМРО-ДПМНЕ по денешната промоција на Нова алтернатива чиј претседател е Данела Арсовска.

Во реакцијата, понатаму се истакнува:

„Воедно е јасно дека Арсовска само преку измама може да стане лидер на партија.

Во салата освен Зечевиќ, можеше да се забележи градската администрација на Скопје, директорите на јавните претпријатија чиј шеф е Арсовска, градоначалникот во сенка и пријател на Арсовска, Драги Книга, како и редовните самопрогласени медиумски чувари на столчето на Љупчо Палевски и маши на Зечевиќ, со партии зад себе повеќе од прстите на двете дланки.

Тајната коалиција СДС-Арсовска стана јавна.

Проектот на СДС и Зечевиќ ке доживее дебакл, зошто јасна е намерата.

Добро би било наместо висока политика за почеток почне да го решава хаосот во Скопје. Колку за промена, но за жал и за тоа не ја бива“, се истакнува во реакцијата.