Пилиповиќ: Овој град, овој клуб заслужуваат трофеј!

Голманот на Охрид, Кристијан Пилиповиќ, со голема возбуда го најави реванш натпреварот од финалето во ЕХФ Европскиот Куп против Татабања, истакнувајќи дека тимот мора да остане максимално фокусиран за да ја оствари целта.

„Мислам дека мораме да бидеме концентрирани на нашите задачи и максимално фокусирани. Оваа сала и оваа публика треба да го добијат тоа што го заслужуваат. Еве веќе се наежив. Треба таа поддршка да ја искористиме на вистински начин и да не изгориме во желбата. Сите едвај ја чекаме оваа средба. Јас верувам во нова победа. Ќе го дадеме максимумот за овој град и за овој клуб“, порача голманот на Охрид.

Реваншот во Охрид е закажан за в недела, со почеток од 20:00 часот.