👁️  19

Талат Џафери го прекрши Деловникот за работа на Собранието. Џафери мораше да ги стави на гласање уставните измени, не ги стави само затоа што знаеше дека веднаш ќе пропаднат и едвај 70 пратеника ќе гласаат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Џафери знае дека ДУИ и СДС немаат мнозинство, и за да ја спаси власта ги крши законите.

Џафери мора да ги почитува чл. 95 и 96, кои се децидни дека не смее да се одложи гласање за измена на Устав, и повикување на членови од Деловник, кои важат за измени на закон, а не на Устав.

Џафери е ставен во улога на сласител на владините фотелји, наместо да работи по закон“ – велат од партијата.