👁️  355

Бесрамно и криминално однесување е да браниш узурпација на општинско земјиште во центарот на Битола од 1500м2.

Да бевме нормална држава одамна некој ќе требаше да одговара по КЗ. Локацијата кај зградите ЈАТ е класична узурпација на недвижности од чл. 225 ст. 2 од КЗ со што му се заканува казна затвор од 1 до 5 години затвор, дополнително со самото тоа што на земјиштето правеле градежни зафати без дозвола за градба извршиле и кривично дело Бесправно градење од чл. 224 – а ст. 1 со што му се заканува казна затвор од 3 до 8 години затвор.

СДС на граѓаните им е добро позната по нивното деструктивно работење на се што значи спроведување на закони и одлуки кои потоа преминуваат во лоша пракса.

Затоа потребно еднаш засекогаш во Република Македонија законите да почнат да се применуваат. За успешно спроведување на законите и одлуките потребни се брзи и решителни акции и лица кои имаат храброст. Секое непочитување на донесените одлуки од носителите на јавни функции сноси и одредена политичка одговорност, стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ -БИТОЛА.