Премиерот Мицкоски утре во посета на Охрид – поставување на камен темелник на катна гража и увид на градежни работи „Кај Чинарот“

Ве известуваме дека утре 01.05.2025 година (петок) претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе ја посети Општина Охрид, информираат од прес центарот на владата.

Во 12:00 часот премиерот Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник на изградба на катна гаража (позади Градски пазар), каде што ќе даде изјави за медиуми.

Потоа, ќе изврши увид на градежни активности на плоштадот „Кај Чинарот“, како и увид на проектот за пумпната станица „Метропол“.