ВЛАДА: Агенда за посетата на претседателот на Влада на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ

Агенда за посетата на претседателот на Влада на Република Хрватска

Андреј Пленковиќ

 

Охрид –  26 мај 2026

 

Локација: ХОТЕЛ ИНЕКС ОЛГИЦА

 

час   Опис
10:30 Тет-а-тет средба Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски и Претседателот на Владата на Република Хрватска Андреј Пленковиќ во премиерската вила
11:15 до 12:00 Владина билатерална средба Во хотел Инекс Олгица
12:25 Потпишување на договор за стратешка соработка

Потпишување на меморандуми за соработка

Премиерот Мицкоски и премиерот Пленковиќ потпишуваат договор за стратешка соработка помеѓу двете земји.

Меморандум за соработка ќе потпишат министрите за енергетика, рударство и минерални суровини на Република Северна Македонија  и министерството за економија на Република Хрватска

12:30 Прес-конференција Заедничка прес-конференција на двајцата премиери
13:00- 13:05 Семејна фотографија Двајцата премиери и владините кабинети
13:06-13:50 Владина и бизнис средба Владини средба и сопственици на компании од Северна Македонија и Република Хрватска (од затворен карактер)
13: 55 КРАЈ Настанот завршува

Прес служба на Влада на РСМ⁩: Почитувани, Ве известуваме дека утре 26.05.2026 година (вторник) претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе биде домаќин на посетата на претседателот на Владата на Република Хрватска Андреј Пленковиќ.

Во 10:00 часот премиерот Мицкоски заедно со министрите ќе го пречека премиерот Андреј Пленковиќ на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Потоа, во 10:30 часот во премиерската вила ќе се одржи тет-а-тет средба помеѓу премиерот Мицкоски и премиерот Пленковиќ.


Во 11:15 часот ќе се одржи билатерална средба во хотел „Инекс Олгица“.

Во 12:25 часот двајцата премиери ќе потпишат договори за стратешка соработка помеѓу двете земји, додека пак министерката за Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Министерство за економија на Република Хрватска ќе потпишат меморандум за соработка.

Во 12:30 часот следува заедничка прес конференција на премиерот Мицкоски и премиерот Пленковиќ.

Настанот ќе се одржи во Хотел „Инекс Олгица“ во Охрид.

Ги известуваме акредитираните сниматели и фоторепортери кои што ќе сакаат да снимаат инсерти и фотографираат од пречекот на премиерот Пленковиќ поради безбедносни причини е потребно најдоцна до 08:00 часот да пристигнат на аеродромот „Св. Апостол Павле“.

Исто така акредитираните новинари потребно е најдоцна до 10:00 часот да се пристигнати во Хотел „Инекс Олгица“.

Со почит,