Здружението на професионални кошаркарски новинари го избра кошаркарот на Сан Антонио Спарс, Виктор Вембањама, за добитник на наградата „Меџик Џонсон“ за сезоната 2025-26.
Ова признание му се доделува на НБА играч кој најдобро ги комбинира одличните настапи на теренот со соработката и коректниот однос кон медиумите и навивачите.
„И покрај огромното внимание и очекувања со кои се соочува секојдневно, Виктор секогаш им пристапува на интервјуата со ентузијазам и смисла за хумор. Еден ден пред да биде избран на драфтот во 2023 година, Виктор изјави дека неговата цел е да биде најдобар во сите аспекти на работата, вклучувајќи и најдобар во односот со медиумите и прес-конференциите.“ Изјави Бек.
Вембањама е првиот играч на Спарс кој ја освоил оваа награда и, на 22 години тој е најмладиот добитник по Кевин Дурант (исто така 22) во 2011 година.
Наградата, која е востановена во 2001 година, го носи името на Меџик Џонсон, поранешната ѕвезда на Лејкерс, кој во текот на својата славна кариера во Куќата на славните беше познат по својата отвореност, внимателност и коректен однос кон медиумите.
Низ годините, многу од најголемите имиња во лигата биле добитници на ова признание, меѓу кои Стефен Кари, Јанис Адетокумбо, Дирк Новицки, Двејн Вејд, Пау Гасол, Демијан Лилард и други.







