Екипите на Орландо меџик и Феникс санс продолжуваат во плејофот на НБА лигата, откако во клучните мечеви славеа против Шарлот и Голден Стејт.
Орландо без многу драма, рутински стигна до сигурен триумф над Шарлот од 121:90 и се избори за место во првото коло од плејофот каде ќе се сретне со тимот на Филаделфија.
Паоло Бончеро со 26 поени ги предводеше Магичните до убедливата победа, а одлични беа и Франц Вагнер со 18 поени и Вендел Картер со 16 поени.
На спротивната страна, единствен расположен за игра беше Ламело Бол со 23 поени.
Феникс сакс го елиминираше тимот на Голден Стејт победувајќи со 111:96. Џелен Грин беше незапирлив и постигна 36 поени, а и останатите четири кошаркари од стартната постава на Сонцата беа со двоцифрен број на постигнати поени.
Девин Букер додаде 20 поени, Џордан Годвин постигна 19, Дилон Брукс беше со 13 поени, а Осо Оходаро даде 10 поени.
Кај Голден Стејт најмногу поени постигна Стеф Кари (17), но имаше очаен шут од поле погодувајќи само четири пати од 16 обиди. Феникс во првото коло на Западот ќе игра против Портланд.








