(ВИДЕО) СТРАШНА НЕСРЕЌА: Авион падна врз куќа, црн чад и пламен ја проголтаа населбата!

Трагична авионска несреќа ја потресе јавноста откако мал авион се урна директно во куќа во Акрон, при што загинаа две лица. По падот избувнал голем пожар, а густ црн чад се издигнувал над станбената населба и бил видлив од голема далечина.

Несреќата се случила во четвртокот околу 15:45 часот по локално време, во дел од градот кој се наоѓа јужно од центарот на Акрон. Според првичните информации од службите за итни интервенции, жителите пријавиле силна експлозија и огромен пожар веднаш по падот на леталото.


Од Federal Aviation Administration соопштиле дека во остатоците од авионот „Пајпер PA-28“ биле пронајдени телата на две лица. Засега не е потврдено колку луѓе точно се наоѓале во авионот во моментот на несреќата.

Пожарникарите и спасувачките екипи брзо реагирале и веднаш започнале евакуација на куќата во која удрил авионот, како и на околните објекти. Според досегашните информации, нема повредени лица меѓу жителите на населбата.

Снимките што се појавија на интернет покажуваат драматични сцени од местото на несреќата – густ чад, пламен и големо присуство на спасувачки екипи кои со часови работеле на обезбедување на теренот и локализирање на пожарот.

Причините за падот на авионот сè уште не се познати, а истрагата е во тек. Надлежните служби треба да утврдат што довело до трагедијата и дали станува збор за технички дефект, човечка грешка или друг проблем за време на летот.