Гаши ја нагласи важноста на женското учество во јавниот и политичкиот живот

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Форумот на жени на АК Парти, Тугба Ишик Ерџан, како и со пратеничката од Големото народно собрание на Република Турција, Рукије Генч Тој, кои престојуваат во Скопје во рамки на конференцијата организирана како дел од програмата „Од срце до срце“ (Gönülden Gönüle) за Балканот.

На средбата, претседателот Гаши им ја честита вредната иницијатива и успешната организација на конференцијата, при што беа разменети мислења и искуства за зајакнувањето на улогата на жените и значењето на нивното претставување во јавниот и политичкиот живот. Воедно, тој ја изрази својата целосна поддршка за унапредување на женското учество и лидерство.

Соговорниците ја оценија средбата како пријателска и конструктивна, нагласувајќи дека таа претставува значаен придонес кон продлабочување на дијалогот, меѓусебната соработка и пријателските односи.