Холивудската ѕвезда Вин Дизел и дел од оригиналната екипа на култниот акционен филм „The Fast And The Furious“ се претставија пред светските медиуми во Кан, одбележувајќи ја големата годишнина – 25 години од почетокот на оваа глобално популарна сага.
Канскиот филмски фестивал послужи како ретроспектива на четврт век успех што го виде „The Fast And The Furious“ како прераснува во една од најпрофитабилните филмски франшизи на сите времиња.
Актерот беше преплавен од емоции додека се сеќаваше на својот колега и пријател.
Дизел се расплака по специјалната проекција на филмот од 2001 година, прикажан на 25-годишнината од неговото објавување. Како што рече, бил особено трогнат од сцените со Пол Вокер.
-Се молам да имате брат како Пол во вашиот живот, истакна актерот пред присутните.
Тој додаде дека денес го перцепира филмот поинаку од порано: „Сцената што вие ја гледате, јас ја гледам како моментот кога Пабло ми кажа дека има едногодишна ќерка.“
Заедно со Дизел, на црвениот тепих се појавија и неговите долгогодишни колешки Мишел Родригез и Џордана Брустер, потсетувајќи ги присутните на самите почетоци на франшизата што го редефинираше акционото кино.
Особено трогателен момент беше појавувањето на Медоу Вокер, ќерката на покојниот актер Пол Вокер. Таа се придружи на тимот во чест на сеќавањето на својот татко и неговиот неизбришлив белег во оваа франшиза.
Vin Diesel cries as he remembers Paul Walker at “The Fast and the Furious” #Cannes screening:
“I pray that in your life you have a brother like Paul… It wasn’t on the script at first that this blond-haired, blue-eyed guy would be a brother to me.”https://t.co/1hm9JvyKKP pic.twitter.com/qrntnIjl12
— Variety (@Variety) May 14, 2026






