РК Вардар промовираше нов среден бек

Екипата на Вардар 961 ја продолжи соработката со кондициониот тренер Јовановски и го промовираше талентираниот Нечовски во првиот тим.

Кондициониот тренер Матеј Јовановски и во наредната сезона ќе биде дел од стручниот штаб на Иван Чупиќ, откако низ текот на цела сезона прикажа сериозен процес на работа и унапредување на физичката подготвеност на играчите.

Покрај него, промоција во првиот тим со договор на три сезони и шанса за докажување во сениорска конкуренција ќе добие младиот Никола Нечовски кој беше лично селектиран од страна на Иван Чупиќ и спортскиот директор Владо Недановски.


Промоцијата на Нечовски во првиот тим, треба да биде поттик и за сите останати играчи кои се дел од младински категории на Вардар, дека со сериозен пристап и напредок може да се стигне и до сениорскиот тим.

Нечовски во наредната сезона, треба да претставува надополнување на плејмејкерската позиција каде Јака Малус и Матео Фадуил ќе го понесат главниот товар.