ВИДЕО: На Момин Поток се работи со полна пареа

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека се работи со полна пареа кај Момин Поток.

-Еден од најважните, но со години заглавени проекти за Скопје, денес е во напредна фаза. Во моментов се поставува нов асфалт на десната коловозна лента за влез во Скопје, на делот кој беше во застој поради нерешени имотно-правни односи, проблем што со посветена работа го решивме за кратко време, истакнува Ѓорѓиевски.

Додава дека изграден е и дел од новиот мост на реката Серава.

– Во следниот период, сообраќајот ќе биде пренасочен на новиот асфалт, со што ќе се отвори простор за реконструкција на коловозната лента кон булевар ,,Словенија”, доизградба на вториот дел од мостот и – целосно комплетирање на оваа важна сообраќајна артерија. Скопје повеќе нема време за застој, вели скопскиот градоначалник.