ВИДЕО: Гори Тоскана, итна евакуација на 3.000 луѓе

Италијанските пожарникари се обидуваат да го изгаснат големиот шумски пожар во Тоскана кој гори со денови, разгорен од силните ветрови, поради што околу 3.000 луѓе се евакуирани како мерка на претпазливост.

Пожарот е активен од вторник и се проширил на повеќе од 800 хектари на планината Фаети, која се протега низ покраините Лука и Пиза, изјави градоначалникот на соседниот Сан Џулијано Терме.

Пожарот веројатно е предизвикан од палење на исечени маслинки кој излегол од контрола, изјави Матео Чечели за јавната телевизија РАИ.

-Во текот на ноќта, ветровите дополнително го разгореле пожарот, што доведе до превентивни евакуации, изјави регионалниот претседател на Тоскана, Еуџенио Џани.


Три противпожарни авиони се распоредени за поддршка на пожарникарите на терен, објави Националната противпожарна служба на X.

„Пожарот е сè уште многу активен“, објасни заменик-градоначалникот на Лука, Фабио Барсанти.

„Се вложуваат сите напори за да се ограничи ширењето на пожарот колку што е можно повеќе, но не можеме да се опуштиме или да предвидиме ништо бидејќи сме оставени на милост на ветерот“, додаде тој.