Македонската музичка сцена периодов не запира — нови проекти, свежи песни и модерни продукции речиси секојдневно го привлекуваат вниманието на публиката.
Во таа низа денеска свое ново музичко остварување на социјалните мрежи и музичките платформи промовира и младата Драгана Јовановска.
Станува збор за песната „Лага“, проект зад кој стојат добро познатите хит-мејкери од домашната музичка сцена — раперите Христијан Настески – Пајак и Таско, како и продуцентот Иван Јованов – Ивајо.
Музиката ја потпишува Пајак, текстот е дело на Пајак и Таско, додека аранжманот, миксот и мастерингот ги изработи Ивајо.
Видеоспотот за песната го реализираше Алек Тасевски, а истиот се снимаше на атрактивни локации на Козјак и во студио.
Покрај самата песна, големо внимание привлекува и изгледот на Драгана, која во видеото се појавува во модерно и светски осмислено издание. Со внимателно избран стајлинг, впечатлив изглед и сигурен настап пред камерите, младата пејачка остава впечаток на артист подготвен за големата музичка сцена.
По повод промоцијата, Драгана не ја криеше возбудата за новиот музички проект.
„Многу се радувам затоа што конечно после неколку месеци откако си ја слушам ‘Лага’ дома, сега ќе има прилика и публиката да ја слушне. Задоволна сум од овој проект затоа што сметам дека секој својот дел го заврши беспрекорно. Сигурна сум дека секој барем еднаш слушнал од некого некаква лага, а со оваа песна ќе ви препорачам да се потрудите да не слушате и упатувате лаги и да уживате во мојата нова песна“, изјави Драгана.
Со модерна продукција, впечатлив рефрен и препознатлив звук, „Лага“ уште на самиот старт привлекува внимание кај публиката, а коментарите на социјалните мрежи покажуваат дека песната има потенцијал да стане еден од поголемите домашни хитови во периодот што следува.
Уживајте во уште едно музичко ремек-дело од македонската музичка сцена:








