Македонците сега можат да кажат дека се Македонци, ама не смеат да тврдат дека нивните дедовци и баби се Македонци, вели бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.
Неговото апсурдно тврдење го изнесува во интервју за бугарски подкаст и ја открива официјалната бугарска позиција, сека „сите дедовци, прадедовци баби и прабаби на Македонците се Бугари“.
За нашите баби и дедовци, како и за сите важни личности, според Ковачев, треба да решава заедничката македонско – бугарска историја, во која Бугарите инсистираат сите македонски револуционери да бидат прогласени за Бугари.
Ова апсурдно тврдење на Ковачев почнува во 22 минута од видеото што го објавуваме подолу.







