Ракометарите на Веспрем го добија дербито на колото во Лигата на шампионите со 28-33 (18-21), против германски Магдебург.

Европскиот првак одигра солиден натпревар, ама унгарскиот гигант демонстрира сила и слави на премиерата на сезоната.

Со по шест гола најдобри во Веспрем беа Касадо и Фабрегас, исто колку што даде и Дамгард од Магдебург. Минимален стартен триумф запиша Порто на Никола Митревски против Висла Плок (24-23).

Португалците го искористија домашниот терен и во драматична завршница го совладаа полскиот ривал. Македонскиот голман беше имаше скромна минутажа зад Рема Маркез, кој собра десет интервенции.