Реал Мадрид е на чекор до фајналфор откако „кралскиот клуб“ поведе со 2-0 во четвртфиналната серија со Хапоел, славејќи на вториот меч на домашен терен со резултат 102-75.
Кампацо пак беше прва виолина на Реал Мадрид со 23 поени, а во ситуација кога е повреден центарот Тавареш одлично се снајде Гаруба, кој стигна до 13 поени и 9 скокови.
Кај Хапоел најефикасен во овој убедлив пораз беше Отуру со 19 поени.



