Василевска бара реакција од Советот на Европа за случајот со Менкиноски

Пратеничката Иванка Василевска го отвори случајот со адвокатот Тони Менкиноски пред Советот на Европа, барајќи одговори од генералниот секретар Ален Берсе за десетгодишната забрана за негов влез во Бугарија.

Поради ограниченото време за говор, Василевска прашањето го доставила и писмено до кабинетот на Берсе, инсистирајќи на јасен став и конкретна реакција од институцијата. Таа предупредува дека ваквата мерка може да претставува сериозна повреда на правото на правично судење и слободно вршење на адвокатската професија, особено затоа што Менкиноски учествува во предмети пред Европскиот суд за човекови права.


Василевска бара од Советот на Европа да утврди дали ќе побара објаснување од бугарските власти и дали ќе активира механизми за мониторинг, со цел да се спречи опасен преседан во системот за заштита на човековите права.