Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, остварил средба во Женева со извршниот секретар на UNECE, Татјана Молцеан, при што била потврдена заедничката посветеност кон унапредување на регионалната и меѓународната соработка.
Како што соопшти министерот, на средбата се заблагодарил за поканата за ко-претседавање со Регионалниот форум за одржлив развој 2026, нагласувајќи ја важноста на форумот како клучна платформа за размена на искуства и унапредување на Целите за одржлив развој.
Муцунски ја истакнал определбата на државата за мултилатерализам и интегрирани политики, како и активното учество во системот на Обединетите нации и Советот за човекови права. Притоа, потенцирал дека националните приоритети се усогласени со главните области на делување на UNECE, вклучително енергијата, поврзаноста, животната средина и дигитализацијата.
Фокусот, според него, останува на привлекување инвестиции, зголемување на извозот и диверзификација на трговијата, како основа за одржлив економски раст.
На средбата била потврдена и подготвеноста за натамошно продлабочување на соработката со UNECE, со цел постигнување одржлив и инклузивен развој во регионот.
Денеска во Женева остварив средба со извршниот секретар на UNECE, Татјана Молцеан.
Се заблагодарив за поканата за…
Posted by Timco Mucunski on Tuesday, April 21, 2026








