Средношколска унија на УМС ВМРО-ДПМНЕ Битола предводена од претседателката Ангела Плушковска, во соработка со Унија на жени, под мотото „Усреќи ученик“ вчера и денес се собра школскиот прибор од страна на хуманите граѓани.

Школскиот прибор утре ќе биде дониран до семејства кои имаат најповеќе потреба, а ние како младинска организација им посакуваме на најмладите да имаат успешна година во своите училишни клупи.

Усреќи Ученик – Млади со Визија, стои во соопштението на УМС ВМРО-ДПМНЕ БИТОЛА.