Украински дрон ја погодил нуклеарната централа во Запорожје

Руската државна нуклеарна корпорација Росатом денеска објави дека украински дрон ја погодил електраната во Запорожје, но дека немало штета на клучната инфраструктура.

Росатом објави дека „попладнево, украински дрон ја погодил машинската зграда на енергетскиот блок, што предизвикало дополнителна детонација“, објавија британските медиуми.

Компанијата додаде дека немало штета на главната опрема, но дека дронот направил дупка во еден ѕид.

Русија ја зазеде нуклеарната централа во Запорожје во март 2022 година и оттогаш таа беше нападната неколку пати за време на војната.