Уапсени две лица поради кражба на материјали од кај што работеле

На 17.04.2026 во 23:40 часот на паркинг простор позади Спортско рекреативен центар „Биљанини извори“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода Ф.Ф.(40) од Ресен и М.Б.(30) од Гостивар.

При преглед во возилото „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, пронајден е пластичен котур за хидро изолација за кој изјавиле дека го одзеле од објектот каде работеле на изградба на нова трибина на спортскиот центар.


По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.