Уапсени 10 возачи: 6 возеле без дозвола, од нив 3 малолетници, 2 со активна забрана и 2 под дејство на алкохол

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, од кои шест возеле без дозвола (тројца малолетници), а по двајца со активна забрана и под дејство на алкохол.

Двајца возачи во Скопје (еден малолетник), и по еден во Тетово (малолетник), Гостивар, Велес (малолетник) и Делчево управувале возило без возачка дозвола. Возачот во Делчево учествувал и во сообраќајна незода со возилото кое го управувал, по што било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,89 промили алкохол во крвта. По еден возач во Скопје и Кичево управувале возило со активна забрана, а по еден возач во Скопје и Велес управувале возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.


Лишени од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, шест возеле без дозвола, од кои тројца малолетници, а по…

Posted by Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme on Sunday, May 10, 2026