Туристи се ограбиле во старата охридска чаршија

На 17.04.2025 во 14:35 часот во СВР Охрид е пријавено дека во старата чаршија во Охрид од М.Ј.(24) од Турција едно женско лице одзело паричник со пари.

Набргу, по преземени мерки лицето е пронајдено и констатирано дека се работи за С.О.(44) од Босна и Херцеговина, соопшти МВР.

Одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.